За Пролетер АС

"Денешниот тренд и начин на живот, наметна автомобилите да бидат мнгоу значаен дел од нашиот секојдневен живот. Тие претставуваат еден од најдоминантние средства за превоз во денешни услови. Автомобилот веќе претставува потреба за секој.

Согледувајќи ги овие трендови се роди идеја за основање на компанија за авто делови. Идејата стана реалност во 1993 година."

За Пролетер АС

Компанијата Пролетер АС е основана во 1993 год. Нејзината основна дејност е увоз и продажба на делови и прибор за моторни возила, претежно оринтирана кон големо-продажната мрежа.

Основниот принцип на работа на компанијата е директен увоз на оригинални резервни делови од повеќе компании ширум светот. Притоа за секој резервен дел компанијата дава гаранција, со што го потврдува квалитетот на производите кои ги дистрибуира на Македонскиот пазар. Широкиот асортиман на производи кои ги дистрибуира во Македонија е потврда дека компанијата секогаш е ориентирана кон потребите на потрошувачите.

Во текот на своето постоење компанијата стекна бројни домашни и странски партнери, меѓу кои најбројни се од Србија, Хрватска, Холандија, Германија, Италија, Босна и др. Компанијата Пролетер АС секогаш е отворена за соработка со компании кои нудат квалитетни производи.

Во насока на што подобро информирање на своите клиенти компанијата Пролетер АС е во фаза на имплементација на софтверска апликација преку која клиентите ќе бидат во можност подетално да се информираат за секој производ.

Вредности

Традиција.

Од 1993 година достапна на Македонскиот пазар. 18 години традиција.

Доверба.

Успешна соработка со над 20 странски партнери базирана на долгорочен план и стратегија.

Квалитет.

Оргинални резервни делови за повеќе од 30 групи на производи.