Enker

Enker

Enker е основана во 1973 година, а со редовно производство започнува наредната 1974 година. Во првите 10 години од своето постоење Enker произведуваше свеќици по лиценца на англиската "Smith Industries Limited". Откако оваа лиценца измина, Enker започна со самостојно производство по примерот на дотогаш најуспешните светски производители на свеќици за секундарниот пазар.

Нивниот производствен капацитет изнесува 16 милиони парчиња годишно. Enker произведува повеќе од 100 свеќици со различен навој: M10, M12, M14, M18 со рамни и конусни лежишта и навој согласно ISO стандардот за свеќици. Согласно нивниот дизајн енкеровите свеќици се присвоени за автомобили, мотори и мопеди, автобуси и камиони, земјоделски машини и трактори, моторни пили, авиони и оклопни воени возила.

Свеќиците кои ги произведува Enker се присутни под брендовите, Super Bosna и Super Bosna plus. Покрај стандардните свеќици кои се препознатливи по централна електрода од никел-хром легура, Enker самостојно разви и успешно произведува технолошко поинтензивни свеќици како: свеќици со бакарна електрода, со резистор, свеќици со повеќе електроди (2, 3 и 4) и свеќици со платинеста електрода. Во поново време Enker на пазарот го лансира брендот Super Bosna Plus согласно TUV стандардот, свеќици со врвен квалитет за кои сведочиме и ние. Денес Enker извезува низ целиот свет, на сите континенти.

Асортиман на делови

  • Група борј еден

  • Група борј два

  • Група борј три

  • Група борј четири

  • Група борј пет

  • Група борј шест

  • Група борј седум